Нацрт-документ од Софија

Бугарија со одредени услови ги поддржува преговорите за членство во ЕУ на Македонија и Албанија

Категорична е нашата поддршка за членството на Македонија во ЕУ, бараме целосно почитување на Договорот за пријателство и добрососедство, примена на историската вистина и запирање на говорот на омраза. Ова се главните точки во нацрт-декларацијата на Бугарија за добивањето на датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Софија во овој документ го повикува Скопје ефективно и без одложување да ја применува добрата воља за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан од премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев на 1 август 2017 година, пренесува БГНЕС.

„Бугарија настојува на разбирање на историската вистина за заедничката ни историја, која нашите две држави народи ја споделуваат... Да се придржуваме до договореното, постигнатото во рамките на работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историските и образовните прашања“, пишува во документот.

Во нацрт-декларацијата се настојува да се сопре секаква форма на говор на омраза кон Бугарија и кон граѓаните на Северна Македонија со бугарска свест, вклучително и во медиумите, написите на спомениците и др.

Во однос на Албанија, Софија бара максималнио да се гарантира правото на бугарското националлно малцинство да се изучува бугарскиот литературен јазик како мајчин јазик во регионите каде што тоа малцинство живеее - Голо Брдо, Гора, Преспа, Корча, Елбасан, Кукс... Се бара и пребројување на населението според европските стандарди за да може објективно да се отслика етничката припадност.

„На оваа основа и под овие услови Народното собрание на Бугарија ги поддржува предпристапните преговори за членство во ЕУ на Република Северна Македонија и Република Албанија“, пишува во нацрт-декларацијата.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе