ПРЕД ИЛИНДЕН

Бугарија си го бара ВМРО и среде Македонија го прекрсти Илинденското востание!

Во Скопје и Прилеп осамнаа билборди на кои Илинденското востание се прекрсти во Илинденско-преображенско востание. Нарачателот на овие билборди, Бугарскиот културен клуб во Македонија, повикува на прослава на востанието на 23 јули во Смилево под мотото „Да си го вратиме ВМРО“. Нема официјална реакција од ниту една државна институција, ниту пак од ВМРО-ДПМНЕ. 

Заедничкото чествување на некои датуми од историјата веќе подолг период е проект на македонската и бугарската академија на науките. Особено истакнат во ова беше поранешниот претседател на МАНУ Владо Камбовски

„Ваквите чествувања се резултат на новиот дух и нова фаза на интеграциите кон кои треба да стремиме на Балканот. Ние еден ден ќе бидеме заедно во Европската Унија и поради тоа мораме што повеќе регионално да се поврзуваме“, изјави лани Kамбовски.

Скопје

Идејата за заедничко македонско-бугарско чествување на Илинден и други празници во 2006 година прв ја промовира Владо Бучковски, како тогашен премиер, заедно со својот бугарски колега, Сергеј Станишев. Бучковски беше убеден дека заедничката балканска историја може да значи европска иднина.

„Некои погрешно сфаќаат дека на Илинден ако дојде кој било заедно да чествува, со тоа би приграбил дел од нашата историја. Не, напротив, би ја потврдил самобитноста на македонскиот народ“, изјавуваше тогаш Бучковски.

Тогашниот претседател Бранко Црвенковски се изјасни против ваквата иницијатива.

„Што се однесува до значајните историски настани какви што се Илинден и други, а за кои во Македонија и во Бугарија постојат различни гледишта, потребно е историчарите и натаму да ги истражуваат и да разменуваат мислења. На тој начин полека ќе отпаѓаат и пречките од идеолошки и политички карактер и ќе се доближуваме до заеднички чествувања“, изјави како претседател на МАНУ Камбовски.

Прилеп

Историчарот д-р Ицо Најдовски Перин го осудува молкот на нашите историчари кои досега не застанаа во одбрана на единствената македонска историја која не смее да се дели со соседна Бугарија.

„Илинденското востание е дело на македонскиот народ, факт многу јасен за нашите историчари, но за жал, еве денес немаат храброст да ја бранат сопствената историја во сопствената независна татковина. Историчарите уште посилно и пожестоко треба да реагираат затоа што на билбордот се бара да им се врати ВМРО на Бугарија. Овај апсурд, дали е политички или националистички, нашите историчари не смеат да го премолчат и веднаш треба да реагираат. Јас апелирам до нив јавно да проговорат и да побараат од властите да се тргнат провокативните бугарски пропаганди поставени низ Македонија“, вели во изјавата за МКД.мк Најдовски, кој живее и работи во Австралија.

А.Д.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе