Каракачанов за Канал 5

Бугарија се пишмани, нема да го номинира Камчев за почесен конзул

Бугарија се пишмани па нема да го номинира за свој почесен конзул бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот на СЈО „Империја“ и сведок во аферата „Рекет”, за почесен конзул во Македонија.

Ваквата одлука, како што вели бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за Канал 5, ја донеле по реакциите во македонската јавност и противењето на владата.

„Минатата година Камчев беше номиниран за бугарски почесен конзул, со аргумент дека тој е човек кој економски е многу влијателен, има свој авторитет во Македонија. Но кога македонските власти не ја поддржаа таа идеја, како што гледате Бугарија не го отвори тоа прашање, бидејќи се работи за граѓанин на Македонија. Инаку Бугарија го номинира, но кога Македонија кажа дека тој не е прифатлив, нема проблем, се поистоветуваме со вашето мислење на крајот на краиштата”, изјави Каракачанов.

Тој додава и дека со внимание ја следат аферата „Рекет“, но ги демантира сите шпекулации за некаква поврзаност на Бугарија со случајот.

„Такво нешто нема, кажувам најодговорно. Не сакам да навлегувам во детали, но кажувам дека Бугарија не учествува во тој внатрешно-политички проблем на Македонија. Каде се наоѓа во моментов господинот Камчев јас не знам. Но дефинитивно тој скандал предизвика реакција во Македонија”, вели Каракачанов.

 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе