Скопје-Софија

Бугарија пред 26 години ја призна Македонија, денеска македонското Собрание го ратификува Договорот за пријателство

На 15 јануари 1992 година Владата на Република Бугарија ја призна Република Македонија за суверена и независна држава. Бугарија беше првата земја што ја призна Република Македонија. Жељу Жељев, тогашниот претседател на Бугарија го потпиша указот на признавањето.

Во историјата на македонската државотворност посебно место има гестот на признавањето на независноста од страна на Република Бугарија. Тој чин имаше многу сериознo политичкo значењe, но и голема доза на симболика. За Македонија, за регионот и за светот беше важно дека една соседна држава прва ја признава новата балканска реалност создадена со волјата на македонскиот народ изразена на референдумот од 8 септември 1991 година.

Истиот ден во 1992 година, неколку часа пред признавањето од Бугарија, Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со претседателот, Робер Бадинтер (Бадинтерова комисија), соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија.

Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина...

Денеска, 16 години потоа, во македонското Собрание беше ратификуван Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија.

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе