Брисел

Бугарија останува подготвена за дијалог со Македонија, тврди бугарскиот амбасадор во ЕУ

Бугарскиот постојан претставник во ЕУ, Димитар Цанчев изјави дека Бугарија останува подготвена за дијалог со Македонија, иако земјава продолжува да не го спроведува Договорот за добрососедство, јави Бугарското национално радио (БНР).

Димитар Цанчев

„Ние ја поддржуваме политиката на проширување на ЕУ со строго почитување на сите критериуми. За жал, нашите македонски партнери продолжуваат да не го спроведуваат Договорот за соседство со Бугарија, што е еден од условите за отворање на патот на Северна Македонија кон почеток на преговорите. Сепак, Бугарија останува подготвена за дијалог“, изјави амбасадорот Цанчев по состанокот на Советот за општи работи на ЕУ.

Цанчев ја истакна потребата од приоритетно обезбедување на вакцини за земјите од Западниот Балкан, додавајќи дека Софија го поддржува воведувањето на дигитален зелен сертификат, кој треба да го олесни слободното и безбедно движење и водено да придонесе за закрепнување на туристичкиот сектор.

На состанкот на Советот, одржан во онлајн, се разговарало за преговорите за членство во ЕУ на Црна Гора и Србија. 

МИА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе