Шефот на бугарскиот тим во Мешовитата комисија

Бугарија нема да прави отстапки под надворешен притисок, вели Димитров

Ако водечките политички, и не само политички структури во Република Северна Македонија не го сменат нивното однесување во билатералните односи, не можат да го очекуваат она што упорно го сугерираат - дека Бугарија ќе направи отстапки под надворешен притисок, изјавил за Бугарското национално радио, Ангел Димитров, шеф на бугарскиот тим во Заедничката историска комисија и прв амбасадор на Бугарија во Македонија по прогласувањето на независноста.

Тој се согласува САД да водат разговори со Македонија за нејзината позиција, на што не се дава голема гласност, но вели дека постојат двојни стандарди од американската дипломатија и од партнерите на Бугарија во ЕУ.

Според него, позициите на  парламентите во Скопје и Софија го прават невозможно изнаоѓањето на сериозни политички компромиси.

„Доколку нашите колеги во Скопје не го сменат својот однос кон работата на Мешовитата комисија, ако не се придржуваат кон утврдените принципи и стандарди во историската наука, функционирањето на Комисијата станува многу неизвесно. Создадената тензија значително ја промени нејзината улога во билатералните односи. Ако досега беа бранители на историски митови, сега се претвораат во идеолози на неразбирање, како и на, крајно неприфатливи за нас, антибугарски ставови и однесувања. Се надевам дека тие го разбираат ова“, вели Димитров.

Тој изрази резерви кон изјавата на премиерот Зоран Заев дека по изборите во Бугарија ќе се зголемат шансите за надминување на бугарското вето за старт на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, а вели и дека не

е оптимист за успех на претстојниот состанок на Мешовитата бугарско-македонска историска комисија.

Димитров ја коментира и информацијата за осквернавени гробови на бугарските војници кои загинаа за време на Првата светска војна.

„Дистанцираноста на Северна Македонија од Бугарија, што се претвори во правило во Скопје, многу јасно ја покажува и чувствителноста на такви прашања коишто сега се појавуваат - нерешени прашања околу воените споменици. Треба да се научиме да бидеме објективни и доволно смело да ги решаваме проблемите, зашто во спротивно регионот не го чека ништо добро“, изјавил Димитров, додавајќи дека треба да се утврди дали во областа околу спомениците имало воена болница, бидејќи воени гробишта вообичаено се правеле на такви места.

 

 

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе