„Да гледаме во ѕвездите“

Бугарија не нѐ пушта во ЕУ, ама ќе нѐ однесе во вселената

Нова влада, нови градинки, патишта, болници, намалување на државната администрација... вети шоуменот и лидер на бугарската „Има таков народ“, Слави Трифонов, и со ветувањата стигна до вселената. 

Фото: ЕПА

Планот е веројатно направен, од големиот избор што го има ќе избере маж и жена кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА и не запира тука, туку ќе направи сѐ со нив да има и еден „северномакедонски“ астронаут. 

„Поднесување на апликација за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција затоа што само Бугарија не членува таму. Ќе направам сѐ што е можно да испратам маж и жена кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА. Ќе направам сѐ што е можно кон нив да се приклучи и еден северномакедонски астронаут. За да не гледаме надолу во земјата, од срам, туку да почнеме да гледаме нагоре, кон ѕвездите“, изјави Трифунов.

По вчерашните избори што, резултатски гледано, се речиси копија на оние што се одржаа во април, Трифонов веќе најави дека самостојно ќе формира влада и дури го објави составот на владата.

И додека се чекаат официјалните резултати и разврската во соседството, македонските власти упорно испраќаат пораки дека очекуваат во Бугарија наскоро да биде формирана политичка влада и стабилно парламентарно мнозинство со надеж дека преговорите ќе продолжат, а со тоа и ветото ќе биде тргнато до крајот на годинава. 

Премиерот Зоран Заев, откако порача дека ќе оди во Софија повторно и повторно и повторно… додека не се најде решение, очекува функционален парламент и политичка влада во Софија одблокирање на нашиот пат кон ЕУ. Тој дури се надеваше дека изборите во Бугарија ќе бидат исклучително успешни, без оглед што подразбира под успешни, и политичарите ќе креираат коалиција, што ќе биде парламентарно мнозинство и ќе формираат нова бугарска влада, со која ќе ги продолжи разговорите. И пак повтори дека „не се откажуваме и продолжуваме, се додека не го решиме ова отворено прашање.

Но, сигналите од Бугарија остануваат исти, какви и да бидат резултатите, позициите на официјална Софија нема да се сменат.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, вчера по којзнае кој пат повтори дека „политиката на Бугарија кон Северна Македонија не зависи од тоа која влада е на власт и каков ќе биде парламентот, туку од водењето отворен конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија и тој треба да се води меѓу двата главни града, не во Брисел или Париз, и зависи од критериумите што ќе ги исполни Скопје за членство во ЕУ“. 

На прашањето дали Бугарија ќе ја отстрани блокадата, Радев со одговор „нашите пријатели од Северна Македонија и раководството на земјата мора самите да ја отстранат блокадата”.

„Таа не е бугарска, потребни ни се вистински, одржливи резултати за членство во ЕУ, за промена на учебници, споменици со нивни натписи, музеи, јавни медиуми, за искоренување на говорот на омраза – кога ќе падне границата, нашите млади не треба да се мразат“, изјави тој.

Повеќе од јасно е дека барем засега, не помагаат македонските потсетувања дека земјава повеќе од 16 години е земја кандидат и дека ниту една друга земја не била толку пофалена и позитивно оценета, дека ова е повеќе прашање на достоинство на ЕУ, отколку наше, дека не е европски некој да никажува што сме и каков јазик зборуваме, дека припаѓаме во Европа… 

Ж.П.Б.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе