Бугарија може да има каков сака став за македонскиот јазик, но за ЕУ тоа нема да биде прифатливо, вели Османи

Прашањето на македонскиот јазик е решено и треба да се „демонтираат“ сите лаги поврзани со него, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На брифинг со новинарите тој кажа дека во рамката што треба да биде потпишана со Европската унија ќе стои дека Северна Македонија ќе го преведе законодавството на македонски јазик, како што стои и во рамките на други земји. Својот став Бугарија ќе го искаже во изјава која ќе влезе во записникот, а според него, таа ќе биде изјавата што беше срочена во рамки на Португалскиот предлог.

„Ги убедивме 26-земји членки да ја прифатат нашата верзија со дозвола на Бугарија“, рече Османи.

Бугарија, како што тврди, ќе го искаже во изјава согласно Португалскиот предлог односно дека македонскиот јазик не постоел до 1945 година и дека бил еден од нивните дијалекти. Македонија, вели Османи, во записникот ќе има исто така изјава.

Министерот за надворешни работи вели дека и вчера, но и денеска сака да ја демонтира „логиката дека треба да останеме блокирани за да не нѐ блокираат во иднина, која што е на некој начин нелогична фраза сама по себе и граматички, но и суштински. Бидејќи од стравот да не нѐ блокираат да останеме блокирани, тоа е за мене ирационално и штетно".  

„Ирационално и штетно е да се тврди и дека ќе има смена на идентитет, бугаризација… Напротив, се затвора еднаш засекогаш прашањето за јазикот, кој беше оспруван од некои во ЕУ“, вели тој.

Тој пред медиумите рече дека Бугарија може да си го задржи својот став за македонскиот јазик, но дека тоа за ЕУ во преговарачаката рамка нема да биде прифатливо.

„Пропагандистите велат ова е слепа улица, ќе се бугаризираме, но тука сме да ги демонтираме таквите наративи. Слушнав варијанти дека имало фусноти, квалификации. 90 отсто од времето беше да се затвои припрашањето за јазикот. 

Во ЕУ досега никогаш не е потпишан европски документ во кој стои македонски јазик. Најважната позиција на Бугарија беше да нема macedonian lenguage во ЕУ. Нека го задржат како сакаат ставот, но не смее ЕУ да прифати став на Бугарија“, изјави Османи. 

На брифингот со новинарите тој објасни како се одвивале разговорите односно што и зошто така стои во рамката, појаснувајќи дека таа се усвојува истиот ден кога ние ќе кажеме „да“ за пакетот.

„И тука се затвора Уставот на преговарачкиот процес. Тоа е документот којшто нас не врзува веќе со ЕУ. Во таа рамка пишува чист македонски јазик без никакви додавки и од тој момент станува официјален јазик на ЕУ во преговарачкиот процес, а потоа со членството во ЕУ“, потенцира Османи.

Тој наведе дека Бугарија сакала да го нема тој параграф воопшто и оти се повикувле на црногорскиот модел. 

„Во овој устав вели: ‘Северна Македонија ќе обезбеди превод на европското законодавство на македонски во текот на преговарачкиот процес‘. Земете ја српската рамка – е истиот параграф. Сега Република Србија ќе обезбеди превод на европското законодавство на српски. Земете ја албанската, земете ја црногорската, апсолутно иста формулација за јазикот. Ако ова не е најголемата победа во процесот, ако ова некој го смета како еден спореден ефект затворање засекогаш на прашањето на јазикот после ОН сега и ЕУ никогаш, никаде нема да има спор по однос на јазикот. И сега со завршените други прашања тука се завршува прашањата на јазички, идентитетски – се завршува во рамката“, рече Османи.

Министерот потенцира дека за јазикот сите шпекулации дека има фуснота, сите шпекулации дека има какви било квалификации во рамката, се неточни и лажни.

-Да, има еднострана изјава на Бугарија, но не во рамката, туку во записникот. Сметајте како ова да е состанок во којшто ја усвојуваме рамката, некој тука ќе каже да, ама јас имам мислење. Записничарот вика кажа вакво мислење, но тоа не влегува во документот, не влегува во заклучоците. Едноставно записничарот пишува дека некој кажал нешто и тоа еднаш и никогаш повеќе. Тоа е португалскиот предлог – нема никакви правни импликации по употребата на јазикот, кон интерпретација на јазикот. Можам најодговорно под целосна одговорност да кажам дека ова е чисто прашање и сите коментари по однос на јазикот се лажни, манипулативни од суета, од непознавање и сите други можни аргументи, но вистината е ова – во рамката се официјализира македонскиот јазик како таков и влегува дел од 25-те европски јазици“, рече Османи. 

Според него, лага е исто така дека билатералните прашања односно дека историските прашања влегуваат сега во рамката, зашто тие биле секогаш дел од рамката. Тој ги според германскиот и сегашниот предлог. Османи вели дека Уставот ќе биде отворен, но откако ќе помине првата меѓународна конференција и оти во него ќе влезат Црногорците, Хрватите и Бугарите.

„Добиваме историска рамка да ги почнеме преговорите утре, задутре кога сакаме ние, да почнат да доаѓаат фондови, да смениме курс на државата“, рече Османи.

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе