Бугарија го продолжи задолжителниот 14-дневен карантин за лицата што влегуваат од Македонија

14-дневниот карантин за оние што влегуваат во Бугарија од Северна Македонија ќе остане да важи и по 1 јули, објави бугарскиот национален здравствен инспектор Ангел Кунчев за време на посетата на Ќустендил.

Фото: ЕПА

Повеќе од 15.000 лица од Македонија регистрирани на адреси во Ќустендил имаат двојно државјанство. Тие очекуваа дека мерката ќе биде укината на 1 јули и дека ќе можат да влезат во Бугарија за административни услуги, за да платат даноци или за други цели, објавија бугарските медиуми.

„Имавме големи надежи дека од 1 јули ќе има паневропско решение, но за жал има многу големи разлики во мислењата на земјите од ЕУ. Сигурно е само дека оние што доаѓаат од земјите најпогодени од коронавирусот - САД, Русија, Бразил и Индија - нема да бидат примени во ЕУ“, додаде Кунчев.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе