Како што јави дописникот на МИА од Софија, во моментов Украина ја напуштаат четири автобуси и сите автомобили на бугарскиот конзулат во Одеса и амбасадата во Киев.
„Министерката Генчовска и македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи се во постојана комуникација за извлекувањето на македонските државјани,“ изјави за МИА портпаролот на бугарското МНР, Митко Димитров.
Димитров потсети дека вчера бугарски дипломати помогнале на 22 македонски државјани на украинско-молдавската и романската граница, а двајца Македонци ја напуштиле Одеса со автобус.