Скопје-Софија

Бугарија ем очекува Македонија да ја убеди дека сака решение, ем спрема нова декларација и услови

Додека во Македонија парламентарните партии се договараат за поддршка на резолуцијата што ја предлага ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во спорот со Бугарија, таму се појави нов иницијативен комитет од осум бугарски интелектуалци кој предлага нова декларација со услови што треба да ги исполни земјава ако сака да добие поддршка од Софија за почеток на преговорите со ЕУ.

Како што објави бугарски „Медиапул“, комитетот бара од сите партии кои учествуваат на изборите да ја поддржат оваа декларација и да се обврзат дека ќе ја бранат позицијата на Бугарија околу Македонија. Освен тоа, тие се изјаснуваат и против надворешниот притисок врз бугарските институции околу ова прашање.

Условите што ги бара овој иницијативен комитет се следни:

-Законски гаранции дека Договорот за добрсоседство и обврските од него ќе бидат почитувани;

-Откажување од малцински и територијални претензии;

-Рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам заради нивната бугарска самосвест;

-Промена на наставните програми во Македонија;

-Отстранување на табли и натписи на територијата на Република Северна Македонија кои поттикнуваат омраза кон Бугарија и Бугарите; и

-Придржување кон „клаузулата утврдена и ратификувана од парламентите на двете земји за официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Оваа клаузула треба да најде соодветен израз во официјалните документи на Европската Унија“.

Коалицијата „Бугарски патриоти“, чиј главен член е ВМРО, прва ја поддржа предложената декларација и ја потпиша.

„За жал, гледаме одредени политички партии кои се стремат кон парламентот, го вртат грбот и даваат ветувања за кои никој не ги овластил“, рече лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов.

Меѓу потписниците на декларацијата се акад. Георги Марков, проф. Казимир Попконстантинов и проф. Пламен Павлов.

Во меѓувреме се јави и бугарскиот  технички министер за надворешни работи Светлан Стоев кој денеска изјави дека процесот на пристапување на Македонија во ЕУ не е само желба на ЕУ, туку мора да има докажани активности од страна на Скопје да ги убеди, не само европските партнери, туку и Бугарија дека тие имаат желба за билатерално решавање на проблемите што постојат и ја спречуваат Софија да даде зелено светло за почеток на преговарачкиот процес.

„Бугарската страна работи на две линии – билатералниот дијалог и давање гаранции во рамките на преговорите од страна на земјите-членки на ЕУ дека договорите потпишани од Република Северна Македонија, вклучително и со Бугарија, ќе бидат имплементирани во иднина“, изјави Стоев.

Тој додаде дека „краткиот пат е билатерален пат, и долгиот – кога треба да поминете низ сите земји-членки за да добиете договор за вклучување елементи во рамката за преговори што ја задоволуваат Бугарија“.

„Ние поставивме многу јасно какви услови мора да бидат исполнети и кога ќе видиме исполнување на овие услови, средината за понатамошен дијалог ќе биде сосема поинаква. За жал, она што го гледаме, јазикот на омраза што го промовираат некои политички сили и младински движења, не зборува во оваа насока …Би сакал да видам резултат за време на Словенечкото претседателство“, изјави Стоев.

Тој додаде дека очекува Скопје да преземе активности во врска со спроведувањето на клаузулите потпишани во 2017 година.

„За некои од нив четири години не можеме да разбереме зошто не се спроведуваат…И ова го покренува прашањето колку се искрени нашите соседи во однос на исполнувањето на нивните обврски кон Бугарија“, вели Стоев.

 

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе