Во Берлин

Буденстагот го потврди членството во НАТО, пратениците се расправаа за датум за преговори со ЕУ

Германскиот Парламент го ратификиваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, но во текот на дебатата германските пратеници отворија дискусија за датумот за почеток на преговори со ЕУ, откако некои од пратениците имаа забелешки дека таа се оддолжува. 

Германската Влада во образложението на Протоколот за членствио од 6 февруари 2019 година изразува убеденост дека приклучувањето на Република Северна Македонија кон НАТО ќе значи придонес кон безбедноста и стабилноста во евроатлантскиот простор, јавува Дојче веле. На ратификацијата на членството се спротивставија популистичката Алтернатива за Германија (АфД) и Левицата. Петр Бистрон од АфД ѝ честиташе на земјата поради затворањето на Балканската рута за бегалците во 2016 година, но рече дека неговата партија ќе гласа против членството во НАТО затоа што има „голем проблем со корупцијата”, а „Балканот е само предградие на Европа”.

Александер Ној од Левицата се спротивстави на проширувањето на НАТО и ја критикуваше „прозападната Влада во Македонија дека погрешно го интерпретирала референдумот за промена на името”. Ној цело време во излагањето го користеше терминот „Македонија” поради што влезе во судир со еден пратеник со грчко потекло во Бундестагот.

Што се однесува до почетокот на преговорите за членство во ЕУ пратениците во германскиот Бундестаг имаа расправија при што пратеникот од опозициските Зелени, Јирген Тритин оцени дека околу почетокот на преговорите има судир и во самата влада.

„Канцеларката е против, а МНР е за почеток на преговорите. Коалицијата не може да постигне согласност по ова прашање”, изјавил тој.

Според него, „желбата на граѓаните на Северна Македонија не беше само да се биде дел од НАТО, туку и дел од обединета Европа”, а грчкиот премиер Алексис Ципрас ја жртвувал својата политичка кариера за да се постигне Преспанскиот договор и оти поради него ќе ја загуби власта на следните избори. Тритин уште потсети дека Европската комисија донела јасна препорака за почеток на преговорите.

Двајца пратеници на ЦДУ, Кристијан Шмит и Петер Бејер возвратиле на забелешките на Тритин. Шмит вели дека ставовите на Тритин немаат „врска со реалноста” и ја пофали улогата на Северна Македонија на Балканот, нарекувајќи ја „упориште на мирот”, која секогаш помагала во најтешките моменти и најави дека за почетокот на преговорите со ЕУ ќе се разговара „наскоро”.

Шмит во излагањето рече дека Северна Македонија и Албанија треба во пакет да ги започнат преговорите, но потенцираше дека Албанија во моментов се соочува со „одредени проблеми”, поради што е потребно подолго време да се простудира извештајот на ЕК.

Неговиот колега Петер Бејер ги поздрави договорите со Грција и Бугарија, но упати критики дека во земјата се потребни дополнителни напори во делот на борбата против организираниот криминал, корупцијата, правосудството и јавната администрација.

За социјалдемократот Карл-Хајнц Брунер, пак, компромисот со Грција „не треба само да се признае, туку и постојано да се фали”, а со влезот во НАТО на „Северна Македонија не треба да ѝ се тргне морковот и за почеток на преговорите со ЕУ”, бидејќи земјата ги исполни сите услови за почеток на преговорите.

МИА

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе