Бучковски: Верувам дека со Бугарија можеме да најдеме решение за нашата иднина

Македонската Влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на имплементацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија, изјави поранешниот премиер и актуелен специјален пратеник за Бугарија, Владо Бучковски.

Во интервју за БНР, Бучковски рече дека тимовите на двете министерства за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија работат на формулациите и оти верува дека може да се најде решение.

„Верувам, и знам дека додека ние разговараме, тимовите на министерствата за надворешни работи – на Бугарија и на нашето, работат на формулациите коишто ќе покажат дека и без поддршка од кого било, макар што, во моментов го имаме претседателството на Германија, кое е голема поддршка, ние од Западниот Балкан, ние соседите кои имаме заедничка историја, можеме да најдеме решение за нашата заедничка иднина“, вели Бучковски за БНР. 

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе