Во интервју за Гласот на Америка

Бучковски не очекува брзо решение на проблемот со Софија и вели дека се тактизира со третиот мандат

Не може да се очекува брзо решение на проблемот со Софија. Треба да бидеме подготвени за бугарските црвени линии. Идната бугарска влада сепак ќе биде под голем притисок од ЕУ и САД, вели специјалниот претставник во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, во интервју за Гласот на Америка. 

На прашање дали можеме да очекуваме решение на македонско-бугарскиот спор, ако се знае дека во Бугарија има политичка криза или за сега тоа е тешко, Бучковски вели дека очигледно е дека сега се тактизира со третиот мандат кој го доби Бугарската социјалистичка партија и извесно е дека и тие не можат да направат политичка влада.

„За жал таму се продлабочи политичка криза и не се успеа да се формира влада и по повторените избори кои беа на 11 јули. Очигледно е дека сега се тактизира со третиот мандат кој го доби Бугарската социјалистичка партија и извесно е дека и тие не можат да направат политичка влада. Тоа значи дека во ноември ќе има и претседателски избори кои се редовни и овие трети избори кои се повторени. Тоа значи дека до крајот на ноември, почетокот на декември, ќе немаме од другата страна соговорник. Оној обид кој го правеше нашата влада, на оние средби во јуни, кога нашата делегација, која ја предводеше премиерот Заев, покажа дека службената влада, не е подготвена да влезе во разрешување на спорот кој постои помеѓу Скопје и Софија. Така што ќе мора да чекаме до декември. Од друга страна треба да продолжи соработката во оние области каде нема никакви проблеми. Пред се во сферата на образованието, културата, соработката на медиумите. Но директно и кусо да одговорам дали нешто може да очекуваме брзо, очигледно не, затоа што во Бугарија за жал се продлабочува политичката криза“, вели во интервјуто Бучковски. 

За тоа што Бугарија бара од нас и кои се условите кои таа ги поставува, тој појаснува дека тука се неколку теми. 

„Првото прашање е за употребата на краткото и долгото име на нашата држава. Второто прашање е за македонското малцинство во Бугарија. Третото е говорот на омразата, кој тие сметаат дека треба на систематски и ефикасен начин, заеднички да биде решен. И четвртата тема, која е најболна е во делот на заедничката историја. Инсистирањето да биде продуктивна, заедничката експертска комисија од експертите од Македонија и Бугарија, за жал во последната година имаше сериозни потешкотии во нивната работа. Нашата идеја, да се вклучи како медијатор некој експерт од ЕУ, кој има богато искуство во такви слични преговори за заедничка историја, не беше прифатен и за жал тапкаме во место. Во меѓувреме нашиот парламент ја усвои декларацијата, со која беше забетонирана нашата позиција, дека не се преговара со нашиот идентитет. И имајќи го сето тоа во превид, во тие рамки треба да се бара решението. Изгледа дека е тешко, но не е невозможно ако има јасно изразена волја од двете страни. Ако досега ги прифатевме барањата од бугарската страна, ќе имавме решение. Затоа мислам дека е чекор напред оваа декларација, конечно ВМРО ДПМНЕ, да покаже подготвеност и да ги подржи напорите што ги прави македонската влада, македонскиот претседател, во изнаоѓање на заедничко прифатливо решение, при што ќе се внимава на евентуалното загрозување на нашиот идентитет“, додава Бучковски. 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе