Основен суд Скопје 1

Бубевски: Нема да го повикаме Груевски како сведок, неговиот глас ќе сведочи во судница

Обвинителот на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски рече дека за случајот „Труст" Груевски нема да го повикаат во својство на сведок, туку во судница ќе се слуша неговиот глас преку „бомбите". Обвинителот додаде дека со оглед на начинот на кој тече судењето, трите прислушувани разговори кои се доказ во оваа постапка многу скоро ќе се слушаат и во судница.

„Со оглед на текот на постапката на едно од наредните рочишта може да очекуваме и да се слушаат снимките. Никола Груевски нема да биде повикан за сведок во оваа постапка, неговиот глас ќе сведочи наместо него во судница", рече обвинителот Бубевски одговарајќи на новинарско прашање.

На денешното судење  одбраната побара прислушуваните разговори да не се изведуваат како доказ во судница. На ова обвинителот Артан Ајро жестоко се спротивстави со образложение дека СЈО е формирано токму поради тие разговори и дека целата јавност треба да знае што се случувало во реалноста.

Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска не го прифати предлогот на адвокатите и одлучи „бомбите" да бидат доказ и да се слушаат во судница.

Сведокот Васил Ристовски, управител на „Силекс неметали" по пет часа чекање пред судница беше пуштен да си оди дома. Тој ќе сведочи на наредното рочиште, бидејќи според законот, доказите за кои СЈО и одбраната треба да го испрашуваат, прво требаше да се изведат како доказ во судница.

СЈО денес во судница презентираше 1.560 докази против обвинетиот Сеад Кочан.

Наредното рочиште е закажано за 30 ноември.

К.Д.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе