Бројот на „огнените“ од ДУИ се зголемува, неизвесно е нивното учество на утрешниот совет во Мала Речица

Денеска членови на Генералниот совет и членови на разни ограноци на ДУИ од Студеничани, Батинци, Охрид, Струга, Врапчиште и други ѝ се приклучиле на „огнената група“ со исти барања и забелешки во однос на улогата на Артан Груби и празните партиски тела, јави ТВ Алсат. Изет Меџити, Муса Џафери, Невзат Бејта и Блерим Беџети денеска не учествувале на консултативната средба свикана од лидерот на ДУИ Али Ахмети. Ова се толкува како можен старт на отворено фракционерско дејствување во рамките на ДУИ, а не враќање во стадото, како што се очекуваше по нивната неодамнешна средба со Ахмети.

Пред 10 дена, кога по речиси шестчасовна средба на претседателот на партијата Али Ахмети со членовите на т.н. огнена група која бара партиски реформи, беше соопштено дека на 15 октомври ќе се одржи Централно собрание на ДУИ на кое ќе се избере ново претседателство. Ова беше протолкувано како смирување на бранувањата во партијата.

Но, денеска „огнената група“ од ДУИ не присуствуваше во Мала Речица на консултативната средба со Ахмети пред утрешниот Генерален совет на ДУИ. Нивното недоаѓање, според брифинзи на членови на „огнената група“, било причинето од предлозите за новиот состав на партиското претседателство. Огнените сметаат дека се далеку од барањето за посериозни промени во партијата, а особено од нивното главно барање - обезвластувањето на Артан Груби.

Ахмети наводно предложил неколку лица за нови членови на претседателството на ДУИ, кои биле блиски на Груби - Фатон Ахмети, за генерален секретар, Валдет Џафери, организациски секретар, Арта Биљали, потпретседателка, Арбер Адеми, потпретседател, Бајрам Реџепи, потпретседател, Бујар Османи, портпарол. За потпретседател бил предложен и Изет Меџити.

Групата не се согласува со овој тим, а најавено е и повлекување на Меџити од кандидатурата. Освен тоа, членовите на „огнената група“ не се задоволни и од тоа што не се разговара за иднината на партијата, за промени, за нови личности со интегритет... Огнената група бара и отчет од членовите на власта, на чело со вицепремиерот Артан Груби и другите министри на ДУИ.

На 24 септември истакнати членови на ДУИ во отворено писмо напишаа дека во последниве две години партиските органи не се активни, одлучувањето стана индивидуална сопственост, и дека не се веќе добро организирана и структурирана партија... На писмото испратено до Али Ахмети, меѓу другите потпишани се и Муса Џафери, Изет Меџити, Невзат Бејта, Блерим Беџети, Висар Ганиу, Башким Хасани, Ејуп Адеми, Камил Ковачи, Аднан Ејуп...

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе