Каков претседател ѝ треба на државата? На каква платформа ќе нѐ очекува од ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ? Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек? Граѓанска, мултиетничка или бинационална – во каква Македонија ќе живееме? Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции? Како да се стави крај на корупцијата и младите повторно да гледаат перспектива дома?
Кој се „бори“ за Македонија, а кој за фотелјата на Илинденска… Кои се црвените линии на Ковачевски, а кои на Мицкоски… се дел од прашањата за лидерите, најавува ТВ Канал 5.