Активните случаи се зголемија на 1.268

Бројката на нови случаи на ковид-19 стигна до 325, на врвот се Скопје и Тетово

Од направени 5.959 тестирања во последните 24 часа регистрирани се 325 нови случаи на ковид-19, оздравени се 11 пациенти, а почина едно лице. Бројот на активни случаи се искачи на 1.268, информира Министерството за здравство.

Од новите случаи на ковид-19 најмногу се во Скопје – 101, Тетово – 95, Гостивар – 43, Куманово - 26, Струга - 10, во Охрид, Дебар и Кичево по 7, Прилеп, во Кочани и Македонски Брод по 4, во Струмица, Радовиш и Пехчево по 3, во Кавадарци и Штип по 2 и во Битола, Велес, Берово и Виница по 1.

Регистрирани сe 11 оздравени пациенти и тоа од: Скопје – 6, Куманово – 2, а од Тетово, Гостивар и Валандово по 1.

Пријавено е едно починато лице од Битола (55г), починатo во болнички услови.

Направените 5.959 тестови се преку: ИЈЗ-124, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-100, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–67, ЦЈЗ Куманово–68, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 5, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–22, Жан Митрев (Филип Втори)-115, Авицена-502, Биотек-329, Систина-72, лабораторија Лаор-763, Синлаб-66, Ремедика-10, Плодност–44, Генеа–1, Никоб лаб-993, ВФВ Медикал-57, Ели Медика-23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.480. Досега во земјата се направени вкупно 1.005.162 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.251 бројката на оздравени пациенти е 150.481, на починати е 5.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.268.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно) , Активни случаи (вкупно)

Скопје 69.145, Активни 370

Куманово 9.017, Активни 114

Прилеп 8.350, Активни 20

Тетово 7.724, Активни 379

Битола 6.349, Активни 38

Велес 5482, Активни 6

Гостивар 5.323, Активни 126

Кавадарци 5.164, Активни 8

Охрид 5.039, Активни 18

Штип 4.974, Активни 10

Струмица 4.160, Активни 30

Струга 3.005, Активни 22

Кочани 2.811, Активни 15

Кичево 2.638, Активни 30

Гевгелија 2.197, Активни 1

Неготино 2.184, Активни 0

Свети Николе 1.528, Активни 3

Ресен 1.235, Активни 1

Крива Паланка 1.227, Активни 0

Радовиш 1.170, Активни 8

Берово 1.042, Активни 10

Делчево 974, Активни 0

Дебар 980, Активни 36

Виница 891, Активни 5

Пробиштип 789, Активни 0

Валандово 674, Активни 5

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 0

Демир Хисар 400, Активни 0

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 377, Активни 0

Македонски Брод 364, Активни 5

Пехчево 276, Активни 7

Македонска Каменица 250, Активни 1

Дојран 132, Активни 0

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе