Брнз: Сочувство до оние на кои срцата им се скршија кога слушнаа за оваа трагична сообраќајна несреќа

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз изрази сочувство за загинатите во автобуската несреќа што се случи доцна синоќа во Бугарија. Во трагедијата во Бугарија утрово загинаа 46 патници, а 7 се повредени. 

Фото: ЕПА

„Од име на Американската амбасада, сакам да изразам најдлабоко сочувство на семејствата кои ги загубија своите најмили, и нашата поддршка за повредените, како и за оние на кои срцата им се скршија кога слушнаа за оваа трагична сообраќајна несреќа. Нашите мисли се со Вас во овие тешки времиња“, напиша амбасадорката Брнз на Твитер.

Во исто време, и Амбасадата на САД во Софија изрази сочувство до семејствата на загинатите.

„Ние во Амбасадата на САД со тага ја примивме веста за автобуската несреќа кај селото Боснек. Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства и се надеваме на брзо закрепнување во тие трагедии“, наведуваат од американската Амбасада во Софија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе