Брнз: Од новата влада очекувам продолжување на соработката

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз очекува да продолжи соработката со новата влада штом ќе биде формирана во однос на евроатлантскиот пат на земјата, како и справување со пандемијата од Ковид 19 која претставува глобален предизвик.

„Партнерството меѓу САД и Северна Македонија е исклучително важно и исклучително силно и ние се радуваме на соработката со следната влада што треба да се формира. Да продолжиме со важната агенда која ја имаме за евроатлантска интеграција и силна соработка  меѓу двете земји, како и во борбата против пандемијата која претставува глобален предизвик“, изјави Брнз, одговарајќи на прашањето на МИА за очекувањата од новата влада, што треба да се формира согласно постигнатиот договор на СДСМ и ДУИ.

Амбасадорката Брнз изјавата ја даде по посетата на лабораториите на Институтот за јавно здравје каде беше придржувана од министерот за здравство, Венко Филипче.

Реновирањето на лабораториите е овозможено со проект на Европската команда на САД, вреден 550.000  долари.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе