Амбасадорката на САД на средба во Владата

Брнз на Николовски му ја потенцира важноста од борба против корупцијата

Во дел од разговорите кои се однесувале на  Извршната наредба на американскиот претседател Бајден, на средбата со вицепремиерот Љупчо Николовски, како што информира кабинетот на вицепремиерот „Амбасадорката Брнз ја потенцираше важноста од преземање мерки за борба против корупцијата, што е во интерес на сите граѓани на Северна Македонија, но истовремено е важно за евроинтеграцискиот напредок на државата“.

Заменик на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска имаше средба со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, информира неговиот кабинет.

„На средбата, фокусот беше ставен на Извршната наредба издадена од претседателот Бајден, со која им се дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои администрацијата во Вашингтон ќе оцени дека работат на дестабилизација и против клучните договори во регионот на Западниот Балкан, вклучително и Северна Македонија“, се вели во соопштението по средбата.

Според сооштението, Николовски изразил задоволство што во Извршната наредба е ставен фокус и на борбата против корупцијата, „што е еден од врвните приоритети на Република Северна Македонија“.

На средбата, како што се нагласува, вицепремиерот Николовски ја информираше амбасадорката Брнз за мерките и активностите што Владата на РСМ ги презема за спречување на корупцијата, како и за реализацијата на владиниот План за борба против корупција“.

„Амбасадорката Брнз ја потенцираше важноста од преземање мерки за борба против корупцијата, што е во интерес на сите граѓани на Северна Македонија, но истовремено е важно за евроинтеграцискиот напредок на државата. Исто така, амбасадорката Брнз, ја потврди поддршката на САД за Северна Македонија и нејзните граѓани на евроатланскиот пат“, се вели на крајот од соопштението.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе