За Сител

Брнс: Законот за ЈО е клучен сигнал за ЕУ, но и за иднината на земјата

Американската амбасадорка Кејт Брнс ги повика партиските лидери да најдат компромис за законот за јавното обвинитество и да овозможат да биде усвоен пред распуштањето на Собранието, бидејќи тој ќе ги унапреди владеењето на правото, транспарентноста и одговорноста. 

„Ја истакнуваме и важноста случаите на СЈО да продолжат да се процесуираат на кредибилен начин во Јавното обвинитество. Веруваме дека ова се вистинските одлуки за да се создаде доверба кај граѓаните и да се потврди дека поединци кои извршуваат високи функции ќе сносат одговорност за какви било злоупотреби. Ова е важен сигнал. Самиот закон е клучен не само како сигнал за ЕУ, туку и за иднината на земјата. Апелираме до сите политички партиски лидери да седнат заедно, да ги надминат разликите, да ги стават на страна своите партиски позиции и да работат на законот, да го усвојат, пожелно е, пред распуштањето на Собранието, за земјата да продолжи по својот пат”, изјави Брнс во интервју за Сител.

Американската амбасадорка очекува наскоро да заврши ратификацијата на протоколот за членство во НАТО во Шпанија и земјата многу брзо да стане полноправна членка на Алијансата.

Во однос на претстојните парламентарни избори, Брнс очекува тие да бидат фер и демократски, а по нивното завршување да има непречена транзиција кон нова влада која ќе остане посветена на спроведување на реформите и евро-атлантскиот пат.

Таа апелира партиските лидери и политичарите да се фокусираат на проблемите, а не на лични напади и да овозможат простор за демократска дебата. 

Што се однесува до најавата на ВМРО-ДПМНЕ за можно ревидирање на Преспанскиот договор ако освојат двотретинско мнзоинство на изборите, американската амбасадорка оценува дека ова прашање предизвикува вистинска загриженост, и граѓаните не треба да бидат збунети и заведени за тоа што се ризикува во тој процес.

„Не треба да се заборави дека добрососедските односи се предуслов за членството во НАТО и во ЕУ. Ние знаеме дека Преспа беше компромис, имаше тешки преговори кои подразбираа отстапки од двете страни. Но, она што беше постигнато со Преспанскиот договор е што конечно беше откочен патот за Северна Македонија да стане НАТО сојузник и да го продолжи патот кон ЕУ. Уште поважно, и помогна на земјата да се придвижи напред од позицијата на стагнација на политички и на економски план. Многу е важно да се има предвид дека не само што ЕУ го препознава значењето на одржување добри односи со соседите како дел од критериумите за пристапување, туку и тоа дека навистина се работи за иднината на земјата, нејзин економски напредок, работни места, трговија, странски инвестиции. Многу е важно да не се загрозува оваа извонредна трансформација што се случува. Тие постигнувања не треба да бидат загрозени и тоа треба да се сфати многу сериозно”, порача Брнс.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе