Американската амбасадорка за Алсат М

Брнс: Заев да бара одговорност од сите владини претставници

САД поддржуваат темелна, брза и транспарентна истрага во сите случаи каде што постојат тврдења за корупција и злоупотреба на функцијата. Исклучително е важно, во секој случај со вакви тврдења, тие поединци да бидат повикани на одговарост, а Владата да презема дејствија. Ги уважуваме и ги поздравуваме чекорите што ги презема Владата за ставање крај на корупцијата и во борбата против неказнивоста, изјави американската амбасадорка Кејт Брнс во интервју за телевизијата Алсат М.

„Ние ќе продолжиме да го поттикнуваме премиерот Заев да бара одговорност од сите владини претставници и да гарантира дека без оглед на нивото на функцијата, луѓето треба да имаат доверба во владините институции и тоа што тие можат да сторат за нив”, вели Брнс на прашањето за случајот „Рекет”.

Таа додава дека САД ги следат актуелните случувања и поддржуваат силно, независно обвинителство и дека е важно да се зачуваат капацитетите на Специјалното обвинителство.

„Тоа ќе им даде јасен сигнал на граѓаните на Северна Македонија и на меѓународната заедница дека Северна Македонија е целосно посветена на унапредување на владеењето на правото. Исто така, тоа е извонредно достигнување важно за процесот на пристапување во НАТО и во ЕУ”, рече американската амбасадорка.

За време на нејзиниот мандат, како што изјави, ќе има три приоритетит. Првиот е да ја промовира стабилноста преку силни институции и да продолжи да ги поддржува понатамошните напори на Владата за реформи и за зајакнување на владеење на правото. Вториот е поддршка на напредокот преку нивните програми за помош, како и преку партнерство со приватниот сектор, а третиот е зголемување на заедничката безбедност преку соработка во областа на одбраната. 

 

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе