Американската амбасадорка на ФБ

Брнс го поздрави постигнатиот успех на досегашниот парламентарен состав

По распуштањето на деветтиот парламентарен состав во историјата на Северна Македонија, би сакала да го поздравам значителниот успех постигнат во минатите три години, пишува американската амбасадорка Кејт Брнс, на Фејсбук страницата на Американската амбасада во Скопје.

Според Брнс, овој успех ги опфаќа ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО, Преспанскиот договор и неговата доследна примена, Договорот за добрососедство со Бугарија, како и усвојувањето на законите за Агенцијата за национална безбедност, Законот за јазиците, измените на Законот за одбрана, Законот за заштита од и спречување на дискриминација, но и Законот за Јавното обвинителство.

„Овие постигнувања ја отсликуваат посветеноста на Северна Македонија кон списокот реформи што се спроведуваат заради доброто на нејзините граѓани и заради нејзината сигурна трансатлантска иднина“, пишува Брнс.

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе