српската премиерка

Брнабиќ: Ситуацијата со Македонија не е мала работа

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска кусо изјави дека за одлуката за повлекување на персоналот од амбасадата на Србија во Македонија разговарала со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ и со претседателот на Србија, Александар Вучуќ. 

„Имав утринава состанок со Дачиќ и консултации со претседателот на Србија, бидејќи не станува збор за мала работа“, изјави Брнабиќ пред новинарите.

Сепак, таа, како што јавува агенцијата Бета, не кажа ништо повеќе и ги замоли медиумите да почекаат соопштените од српското МНР.

Во меѓувреме, од македонското МНР велат дека се постојана комуникација со претставници на српската дипломатија откако вчера беа повлечени сите дипломати од амбасадата на Србија во земјава, и штом официјален Белград ќе ги открие причините за повлекувањето на дипломатите, МНР ќе излезе со став за македонската јавност. 

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе