Белград

Брнабиќ го најави најголемиот капитален проект во Србија, железничкиот дел од Коридорот 10 до Македонија

Српската премеирка Ана Брнабиќ при денешната посетата на Јужна Србија и Пчинскиот огруг, говорејќи за развојните проекти во инфраструктурата што треба да се реализираат во наредниот период, изјави дека најголем капитален проект во Србија ќе биде железничкиот дел од Коридорот 10 кој ќе се гради со партнерите од ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.

„Тој воедно ќе биде и најголемиот инфраструктурен проект на Европската Унија во овој дел на Европа. Тука преку Инвестицискиот фонд за Западен Балкан само за делницата од Белград до Ниш ќе добиеме 600 или 700 милиони евра неповратни средства што се подарени пари“, изјави Брнабиќ.

Таа додаде дека во моментов се прави проценка на вредноста на железничкиот коридор 10 на делот од Ниш и Брестовац до Прешево и Македонија, потенцирајќи дека ова ќе биде најголем инфраструктурен проект во наредниот период. 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе