Британскиот амбасадор на Твитер: Што е ова со амнестијата за изборни измами?

„Што се овие информации за активирање на амнестијата за изборни измами?" Ова прашање денеска го постави Чарлс Гарет, британскиот амбасадор во Македонија по враќањето од Лондон.

Гарет во Лондон имал средба со  министерот за Европа, Дејвид Лидингтон.

Британскиот амбасадор реагира на одлуката на Уставниот суд за прифаќање на иницијативата промени во Законот за помилување за амнестирање на лица инволвирани во изборни нерегуларности. Со овие измени на претседателот ќе му се даде право на претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.

Иницијативата е на адвокатот Ристо Китески од Охрид, кој работи во адвокатска канцеларија на бранител на осомничени лица во случајот „Титаник“.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе