Лондон

Британската Влада ја поздрави ратификацијата на договорот меѓу премиерите Заев и Ципрас

Владата на Обединетото Кралство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас срдечно им честита за постигнувањето на историскиот договор за прашањето за името што беше потпишан на 17 јуни. Во соопштението на владата, Обединетото Кралство ја поздравува и ратификацијата од страна на Собранието во Скопје на 20 јуни и ги поттикнува сите лидери, политички партии и граѓани во двете земји да ги согледаат придобивките што ќе ги донесе решението на овој долготраен спор.

Британија смета дека решавањето на прашањето за името ќе ги отвори преговорите за членство во ЕУ и НАТО.

Во писмото до премиерот Зоран Заев на 21 јуни, премиерката Тереза Меј истакна: „Вакво значајно постигнување немаше да биде можно без огромна политичка храброст, визија и лидерство што ги покажаа премиерите Ципрас и Заев. Решавањето на ова прашање ќе донесе огромни придобивки за двете земји и за регионот.

Како долгогодишен пријател, ќе продолжиме да ја поддржуваме Македонија на нејзиниот евро-атлантски пат, како и стабилноста и просперитетот што ќе и го донесе на земјата и регионот."

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе