Прва официјална посета во Македонија

Британската премиерка Тереза Меј пречекана во Скопје (ФОТО)

Британската премиерка Тереза Меј денеска пристигна во Скопје каде беше срдечно пречекана пред платото на Владата на Република Македонија.

Таа ќе оствари средба со премиерот Зоран Заев, по што ќе одржат заедничка прес-конференција.

Британската премиерка е во прва официјална посета на Македонија, каде дојде по денешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Софија.

Според програмата за посета на Меј на Македонија, предвиден е и билатерален состанок на македонската и британската владина делегација.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери ќе приреди прием во чест на британската премиерка Меј, која, патем, ќе има обраќање.

Претходно британската премиерка ќе се сретне со активисти на ЛГБТ заедницата по повод Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија.

Фото: Роберт Атанасовски

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе