Британската министерка за Европа и Америка, Венди Мортон, во Скопје

Министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство, Венди Мортон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Македонија и ќе присуствува на првиот состанок на Советот во рамките на Договорот за партнерство, трговија и соработка (ДПТС) во Министерството за надворешни работи, што ќе ги зајакне трговските врски меѓу двете земји.

Како што соопштија од Британската амбасада, Обединетото Кралство и Северна Македонија го потпишаа Договорот за партнерство, трговија и соработка во декември 2020 година со цел да ја зајакнат можноста за трговска соработка откако Обединетото Кралство ја напушти ЕУ.

„Задоволство ми е што сум тука во Северна Македонија на првиот состанок на Советот во рамките на Договорот за партнерство, трговија и соработка. Овој договор претставува рамка за поблизок политички дијалог и засилено трговско партнерство. Исто така, го поддржува унапредувањето на соработката во полето на животната средина, образованието, човековите права и претставува можност за зајакнување на нашите безбедносни и културни врски“, стои во изјавата од министерката Мортон пред посетата на Скопје.

Во рамките на посетата британската министерка ќе се сретне со министерот за надворешни работи Бујар Османи, вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, како и со министерот за животна средина, Насер Нуредини. Таа ќе го посети и проектот на Британскиот совет „Училишта за 21-от век“ и ќе се сретне со граѓански организации кои работат на заштита на животната средина, промоција на човековите права, родова еднаквост, вклучување на лицата со попреченост и медиумски организации.

Тема на разговор на нејзините средби ќе бидат и климатските промени во пресрет на Конференцијата за климатски промени (COP26) која ќе се одржи во Глазгов и клучните реформски процеси со акцент на владеењето на правото, доброто владеење, човековите права, медиумите, образованието, родовата еднаквост и вклучувањето на лицата со попреченост.

Ова е втора посета на Скопје на британската министерка за Европа и Америка на Македонија, по нејзиното учество на состанокот на Министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес во 2020 година.  

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе