Британската амбасада донираше опрема за Армијата за борба против коронавирусот

Британската Амбасада во земјава денеска донираше опрема за Армијата за поддршка за нивното справување со ситуацијата со коронавирусот. Британската Амбасада на својот официјален Твитер профил објави дека е важно да се остане заедно во овие времиња на предизвици.

„Државниот секретар Николиќ ја прими британската донација од заштитни ракавици и повеќе видови пумпи на висок притисок и рачни пумпи за дезинфекција. Армијата се грижи за граѓаните, ние се грижиме за безбедноста и заштитата на нашите војници“, објави Министерството за одбрана на Фејсбук.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и британската амбасадорка Рејчел Галовеј претходно разговараа преку видео конференциска врска за најновите информации во врска со коронавирусот во земјава, како и за идната соработка во одбраната.

„Одржавме виртуелен состанок со министерката за одбрана Шекеринска денеска за да разговараме за најновите информации за ситуацијата со коронавирусот во Северна Македонија и за идната соработка во одбраната. Задоволство ми беше да слушнам за напорите на Армијата кои работат со клучните институции во борбата против ковид-19“, напиша на Твитер британската амбасадорка.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе