Според дипломатски извори

Брисел не е среќен со иницијативата Отворен Балкан

Бриселската администрација негативно ја оценува иницијативата Мини Шенген (Отворен Балкан) на лидерите на Македонија, Србија и Албанија и смета дека со тоа се поткопува евроинтеграцијата на регионот. Во Европската комисија сметаат дека Отворен Балкан на Рама, Вучиќ и Заев е во целост некомпатибилно со иницијативата за регионален развој заедно со Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, дознава МКД.мк од дипломатски извори во Брисел.

Проценката на ЕК е дека не треба да се поддржи оваа иницијатива затоа што се смета дека со ова се намалува стратешкото партнерство на ЕУ со Балканот и се отвора место на САД како единствен стратешки партнер со земјите од Балканот. ЕУ ќе преземе мерки за минимизирање на оваа иницијатива, велат нашите дипломатски извори.

И во извештаите на медиумите на земјите членки на ЕУ се истакнува оваа резерва на бриселската администрација. Италијанскиот дневен весник Стампа јави дека ова е нормална реакција на одложувањата на преговорите за членство на овие земји и барање алтернатива на магловитата европска перспектива.

Францускиот весник Либерасион го забележува отсуството на Косово, чиј „левичарски националистички премиер Албин Курти вели дека повеќе би сакал да се приклучи кон Берлинскиот процес“.

Бугарскиот весник Дума оценува дека во Брисел за Мини Шенген се зборува како за интеграциски сепаратизам со кој наместо европско сојузништво се создава некаков балкански сојуз.

„ЕУ почна да се распаѓа на бугарско-романска ЕУ и на германска Унија, а западно од Србија веќе функционира Вишеградската група... ЕУ изгледаше дека е вечна, ама излегува дека е само привремена, како и сите други облици на сојузи...“, оцени словенечки Дневник.

„Балканските лидери (Рама, Заев и Вучиќ) ја примија пораката дека ќе мора да чекаат на ЕУ, а САД ги поддржаа нивните напори... Политичката волја за проширување на ЕУ е многу слаба меѓу посилните членки на европскиот блок, особено сега кога германската канцеларка Ангела Меркел, заговорникот за приклучување на Балканот, заминува од власт“, анализира британскиот весник Фајненшл тајмс.

А.Д.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе