Одлука во Синодот

БПЦ: Наша света должност е да бидеме мајка-Црква на МПЦ и да помогнеме за нејзиниот канонски статус

Во ситуација кога Македонската православна црква ја признава Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија (БПЦ-БП) за своја црква-Мајка, БПЦ-БП го смета за своја света должност ангажманот да понуди целосна соработка, посредство и застапување пред помесните православни цркви, преземајќи сѐ што е неопходно за утврдување на канонскиот статус на МПЦ, пишува во одлуката на Светиот синод на БПЦ за писмото од МПЦ. 

„Синодот на БПЦ на денешното заседание во комплетен состав го разгледа писмото од архиепископот на МПЦ, г.г. Стефан. БПЦ никогаш не била рамнодушна кон страдањата на Македонската православна црква, поради што се разговараше. Во ситуација кога Македонската православна црква ја признава Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија (БПЦ-БП) за своја црква-Мајка, БПЦ-БП го смета за своја света должност ангажманот да понуди целосна соработка, посредство и застапување пред помесните православни цркви, преземајќи сѐ што е неопходно за утврдување на канонскиот статус на МПЦ.

Формирана е ерхиерејска комисија за преговори со МПЦ и со останатите помесни православни цркви за воспоставување на канонски статус на МПЦ“, пишува во одлуката на Синодот на БПЦ што ја пренесува БГНЕС.

Претходно, пред почетокот на седницата бугарскиот патријарх Неофит рече дека треба да се прифати подадената рака на Македонија. 

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе