Влада

Бошњаковски за Егејците: Има луѓе во Грција кои не го зборуваат грчкиот јазик

Постои одредена категорија на население во Република Грција, која што не зборува на грчки јазик, која говори на друг јазик, но не сме ние тие што ќе детерминираме кој на каков јазик зборува, бидејќи тоа ќе биде мешање во внатрешните работи на друга држава, одговори Миле Бошњаковски, портпарол на македонската влада на прашањето на кој јазик зборуваат Егејците, роднините на македонските државјани во Грција.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров неодамна изјави дека „македонскиот јазик на кој говорат граѓаните на Македонија нема никаква врска со идиомите што ги користат грчите Македонци“. Тој потоа појасни дека мислел на грчките Македонци кои зборуваат грчки јазик. За грчката министерка Анагностополу ваквите изјави на Димитров имаат смирувачка нота за проблем кој не постоел.

Во однос на промената на името на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) Бошњаковски рече дека кратенката МАНУ останува, а академиците ќе го утврдат новото име на институцијата.

Се чека и одлуката за новото име на АРМ, а преименувањето на 136 институции веќе е во фаза на спроведување.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе