Влада

Бошњаковски: Воинот на коњ ќе биде споменик на Александар Македонски од хеленскиот антички период

Државните институции, оние кои се финансираат од државата, ќе мора да се прилагодат и да го следат духот на договорот со Грција, одговори портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на прашањето за евентуална промена на имињата на АРМ, МАНУ, МРТ, МНТ... Средбата Заев-Ципрас ќе се одржи викендов.

За инфомациите за некои нови имиња или преселби на спомениците од проектот Скопје 2014, Бошњаковски рече дека спомениците остануваат таму каде што се и ќе претствуваат симбол на пријателството.

„На спомениците ќе се стават натписи со појаснување. На пример Воинот на коњ ќе се вика споменик на Александар Македонски со објаснување дека е симбол на хеленскиот антички период и останува како симбол на пријателството меѓу Македонија и Грција.  Истото ќе важи и за споменикот на Филип 2 и Олимпија. Сите споменици ќе бидат обележани во насока на зајакнување на пријателството. Не се срамиме да ги нарекуваме спомнениците такви како што се“, Бошњаковски.

Тој рече дека основата на договорот е како Грција го толкува и поимува терминот Македонија.

„Тие го прифатија како ние го поимуваме и толкуваме терминот Македонија. Се прави јасна дистинкција што е прифатливо за нас и што е прифатливо за нив. Ние сме Македонци. Официјалното ново име ќе биде преведиено на сите јазици. Македонскиот јазик е утврден во ОН и тој останува таков, нема да постои фуснота во ОН. Во договорот постои член во кој велиме дека македонскиот јазик е дел од јужнословенските јазици. Останува македонскиот јазик“, рече Бошњаковски. 

Портпаролот на Владата појасни дека државните симболи не беа дел од преговарачкиот процес и дека химаната и другите симболи не се менуваат.
„Ова е клучен, историски момент за граѓаните на Република Македонија, пред нас е европерспективата, членството во НАТО. Сите политички субјекти на Република Македонија ќе бидат свесни и ќе знаат во каква политичка состојба се наоѓаме. Ние имаме конструктивен приод. Таа е насоката", рече Бошњаковски и додаде дека договорот ќе биде објавен откако ќе се разгледа и усвои на владина седница.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе