Бошњаковски: Владата му предлага на Собранието четири амандмани за измена на Уставот

Владата, на денешната вонредна седница, го усвоила предлогот за пристапување кон уставни измени, согласно Договорот со Грција и ќе го достави до Парламентот.

По речиси двочасовната седница на Владата, портпаролот Миле Бошњаковски соопшти дека е усвоен предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот.

„Ние го направивме првиот чекор. Предлогот оди во Собрание и очекуваме пратениците уште утре да почнат со работа“, изјави Бошњаковски.

Тој информираше дека предлогот се однесува на четири можни амандмани што беа споменувани и претходно. Едниот амандман е за внесувањае на придавката „Северна“ пред името на државата Република Македонија. Втората интервенција е во Преамбулата, каде што ќе се посочи на одлуките на АСНОМ. Потоа се интервенира во членот три, односно во делот со кој се отфрлаат територијални претензии кон други држави и зајакнуваат формулациите во однос на територијалниот интегритет на земјата. Четвртиот амандман би бил за корекција на членот 49 од Уставот, каде што се уредени правата на македонското малцинство во соседните земји, а целта е за целата дијаспора да важат правилата од меѓународните конвенции за малцинствата.

Предлогот ќе биде испратен до Собранието, каде што за да помине, потребно е двотретинско мнозинство, а Бошњаковски не одгoвори дали власта го има обезбедено потребното мнозинство во Собранието за уставните измени.

„Како Влада го започнавме процесот за уставни измени денеска, очекуваме дека пратениците ќе го следат глас на народот изразен на референдумот и она што е стратешки интерс на Република Македонија, и очекуваме дека од утре ќе почнат со работа и ќе се изјаснат. Сите пратеници имаат историска должност да го обезбедат патот кон ЕУ и НАТО кој води преку Договрот меѓу Македонија и Грција. Остварувањето на оваа визија е во рацете на секој пратеник и тоа зависи од секој од нив“, рече Бошњаковски.

Ова се предложените измени во Уставот: 

1. ДОДАВАЊЕ НА ПРИДАВКАТА СЕВЕРНА ВО ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во целиот текст на Уставот на Република Македонија пред зборот Македонија се додава придавката Северна.

2. ИЗМЕНИ ВО ПРЕАМБУЛАТА НА УСТАВОТ

Заради усогласување на текстот на Преамбулата со Договорот со Грција, во Преамбулата ќе бидат извршени соодветни измени. Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија при наведувањето на државно-правните традиции, ќе се именуваат конкретни документи на АСНОМ, односно ќе се внесе повикување на Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ, со неговите конститутивни одлуки.

3. ПОЦВРСТА ГАРАНЦИЈА НА ГРАНИЦАТА

Во членот 3 од Уставот е регулирано дека територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива. Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општо прифатените меѓународни норми.

Овој член веќе беше изменет во 1992 година со Амандманот I, кога беше додаден принципот на доброволност при промена на границата и согласноста со општо прифатените меѓународни норми. Исто така со овој амандман беше декларирано дека Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави.

Со новиот уставен амандман кој се предлага ќе се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави и со тоа ќе се прецизира поцврста гаранција за трајноста на границите и дека Република Македонија нема територијални претензии. Тоа ќе значи заштита на територијалниот интегритет на Република Македонија и на соседните земји.

4. ГРИЖА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДИЈАСПОРАТА ВО СТРАНСТВО

Во членот 49 од Уставот е пропишано дека Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив. Републиката се грижи за

културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

И овој член беше изменет со Амандманот II во 1992 година ко предвидуваше дека Републиката нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Со уставниот амандман кој се предлага ќе се декларира грижа за културните, економските и социјалните права на припадниците на македонскиот народ и сите наши граѓани во странство, без тоа да значи мешање во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи, во било каква форма и заради било каква причина.

 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе