Бошњачки демократски сојуз поддржува изборен модел со една изборна единица

„Во врска со вчерашните информации во медиумите соопштени од страна на генералниот секретар на СДСМ, а во врска со иницијативата за промена на изборниот модел за избор на членови на Собрание на Република Северна Македонија, партијата Бошњачки демократски сојуз истата ја поздравува и врзано за ова прашање го поддржува предлогот пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да се избираат во една изборна единица", велат од партијата

„Бошњачки демократски сојуз уште минатата година, односно на ден 14.05.2018 година, покрена инцијатива за изменување и дополнување на Изборниот законик и истата ја достави во писмена форма до Собранието на Република Северна Македонија. Бошњачки демократски сојуз очекуваше дека Собранието ќе ја разгледа доставената иницијатива и за таа цел подготви Предлог за изменување и дополнување на Изборниот законик на Република Северна Македонија. Предлогот на Бошњачки демократски сојуз за изменување и дополнување на Изборниот законик на Република Северна Македонија беше изработен според косовскиот модел кој гарантира одреден број на пратенички места и истиот обезбедува помалубројните етнички заедници да можат непосредно да избираат свои претставници во Собранието на Република Северна Македонија“, истакнуваат од партијата Бошњачки демократски сојуз.

 Од Бошњачки демократски сојуз велат дека воведување на една изборна единица е одлично решение со напомена дека се прифатливи две опции на измени и дополнувања на Изборниот законик.

„Косовскиот модел за гарантирани пратенички места – според веќе доставениот предлог на Бошњачки демократски сојуз со кој ќе се гарантира одреден број на пратенички места за (6 за Турците, 4 за Ромите, 3 за Бошњаците, 3 за Србите, 1 за Власите и 3 за другите етнички заедници) или Изборен модел според кој сите регистрирани партии би можеле да учествуваат со листа на 120 кандидати за пратеници (останатите да бидат обврзани да соберат 1000 потписи), при тоа цензусот за избор на еден пратеник да не се пресметува според Донтовиот модел туку истиот да се пресметува како количник на бројот на вкупно излезени гласачи на избори поделен со 120 (вкупен број на пратеници)“, истакнуваат од Бошначкиот демократски сојуз.

 

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе