ТВ 21

Бошкоски: Во ВМРО за Македонија не примаме луѓе инфицирани со груевизмот

ВМРО како код, како идеологија, оваа политичка гарнитура успеа да го руинира. ДПМНЕ е завршена работа. Кога ќе се расчисти оваа ситуација, ќе дојде време кога членови на партијата ќе се оградуваат и ќе кажуваат дека никогаш не биле членови на ВМРО, изјави лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски во интервју за ТВ 21.

Бошкоски  рече дека актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, „инфициран со груевизмот“ моли да премине во коалицијата ВМРО за Македонија, но не го примаат

„Не можеме да примиме човек во нашата партија кој е инфициран со груевизмот. Не е целта да добиеме 2-3 парламентарци, а партијата или коалицијата да ни биде изедначена со ДПМНЕ. Не е цел да прибираме членови кои цело време му даваа безрезервна поддршка на Груевски. Рековме дека дури ни претседатели на месни комитети не можат да бидат членови на нашата партија. Сите други можат да дојдат и ќе бидат заштитени од какви било реваншизми. Ова раководство нека си остане нека раководи, во некоја канцеларија, ние сакаме да го заштитиме членството на ВМРО“, изјави Бошкоски.

Во интервјуто тој говореше и за таканаречената тиранска платформа, која, според него, била резултат на предизборен договор меѓу Груевски и Ахмети.

„Таа е алат во рацете на квазипатриотите кои треба да ја дефокусираат македонската јавност од постојните проблеми со кои е соочена се уште владејачката гарнитура преводена од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Бошкоски.

Зборувајќи за ВМРО-ДПМНЕ, повтори дека „ова ВМРО денес не е она ВМРО“, нарекувајќи ги политички страшила и чудовишта. 

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе