По информацијате дека е примен во болница поради ковид-19

Бошкоски од болница: Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично

По информацијата дека претседателот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, синоќа бил примен на Инфективната клиника поради ковид-19, тој самиот се огласи преку статус на Фејсбук. Бошкоски во објавата на социјалните мрежи напиша дека состојбата му била добра и дека се чувствувал одлично. 

„Почитувани членови и симпатизери на Обединети за Македонија, почитувана јавност, Поради зголемениот интерес за мојата здравствена состојба, многу луѓе ме прашуваат како сум и не можам да одговорам на сите. Затоа, ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена. Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично. Голема благодарност до медицинскиот персонал  и моите сопартијци кои ми даваат поддршка и се тука за мене. Чувајте се“, напиша Бошкоски на Фејсбук. 

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе