Телефонски разговор

Борисов-Заев: Договорот гаранатира долгорочни пријателски односи меѓу Бугарија и Македонија

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија гарантира долгорочно градење пријателски односи меѓу двете земји, оцениле заеднички премиерите на двете земји Бојко Борисов и Зоран Заев во телефонскиот разговор по ратификацијата на Договорот во македонскиот Парламент. 

„Во телефонскиот разговор Борисов и Заев беа едногласни дека Договорот гарантира долгорочно градење пријателски односи меѓу Бугарија и Македонија и е стабилна основа за соработка во регионот, врз база на европските вредности“, пишува во соопштението од кабинетот на Борисов.

Во разговорот, како што се додава во соопштението, Заев му посакал успех на Борисов во претставувањето на приоритетите на Бугарското претседателство со ЕУ, утре во Стразбур. 

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе