„Ги почитуваме, ама да не си поставуваат невозможни услови“

Борисов: Што да кажам, дека ние сме Македонци? Ги поддржуваме, но држиме и до историјата

Ние ги кажавме нашите услови за Република Северна Македонија да биде примена во ЕУ, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов на лидерската средба на Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржа во Загреб.

„Ние први ги поддржавме за НАТО. Што да им кажам, на крајот дека сме Македонци? Ние ги сакаме, ги почитуваме и би им дал најбратски совет да не си поставуваат самите невозможни услови“, изјавил Борисов.

Бугарскиот премиер, како што јавува БГНЕС, додал дека колку што цврсто ја поддржува Република Северна Македонија, толку цврсто стои на ставот дека нема отстапување од Договорот за добрососедство.

„Да, ние цврсто ги поддржуваме, но исто толку цврсто држиме до историјата и многу јасно тоа сме го запишале во Договорот“, вели Борисов.

Неговата, како што вели, најпријателска порака е Македонија да остане на патот.

Борисов потврдил дека го поддржува ветувањето на ЕУ кон Западен Балкан за соработка и помош, но додал дека слушнал недозволливи изјави.

„Особено ме заболе тоа дека Бугарија била ‘фашистичка држава‘ и не ги спасила Македонците, туку само бугарските Евреи. Тоа е подигрување со бугарскиот подвиг, со бугарскиот народ и со бугарската црква“, кажал Борисов.

Фото: БГНЕС

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе