Борисов пред подмладокот на ГЕРБ: Радев ја подели Бугарија по прашањето за Северна Македонија

Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година е во основата на односите на Софија и Скопје, а нашата стратешка цел е членство на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија, изјави денеска лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов на средба со претставници на подмладокот на неговата партија.

разговарал со македонскиот премиер Зоран Заев, а потоа говорел за начинот на кој бугарските власти сега преговараат со Македонија. Според него, начинот на кој техничката Влада на Бугарија и бугарскиот претседател Румен Радев сега преговараат со Северна Македонија може да доведе до лош резултат за Софија или „ќе доведе до тоа двете најблиски земји и нивните народи да се мразат во наредните децении”.

Тој апелирал до младите да сторат сѐ што е можно со цел сегашните и идните генерации да не се мразат меѓусебе, и го обвинил Радев дека ја поделил Бугарија, предизвикувајќи поделби во општеството по прашањето за Северна Македонија.

„Започнуваме од рамката и затоа го постигнавме Договорот за добрососедство. До овој момент мислам дека ги лажат, ама да го почекаме Европскиот совет на 24 и 25 јуни. Пред тоа е Самитот на НАТО. Се надевам дека имаат храброст и вештини да ги водат преговорите што ќе ги направат двата народа на овие две соседни земји најпријателски”, изјави Борисов.

Тој оцени дека во последните четири години, додека ГЕРБ беше на власт во Бугарија, неговата земја била лидер на Балканот.

„Политиката што сега се води ќе не натера да се замразиме, да се мразиме едни со други. Тогаш, зошто ќе ни се европски проекти? Влегувате во земја што не ве сака. Затоа јас и Зоран Заев се обидуваме работите да одат од долу нагоре”, додаде Борисов. 

Напоменувајќи дека Договорот за добрососедство е најважната точка, тој потсети дека така е формирана и Европската Унија.

„Немојте да се поведувате по омразата на Радев која што ја внесе во народот”, порача Борисов. 

 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе