По вчерашната средба во Загреб

Борисов: Откажете се од антибугарската реторика. Мицкоски: Македонскиот јазик е кодифициран, Делчев е Македонец

Бугарски фашистички окупатор? Тогаш заборавете на нашата помош, апелираше бугарскиот премиер Бојко Борисов, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Загреб. Мицкоски пак денеска изјави дека Гоце Делчев и нашиот јазик се македонски.

По вчерашната средба со Мицкоски, денеска Борисов изјави дека во Македонија не треба само да се заборави на антибугарска политика, туку треба да се разбере дека таа е погрешна.

„Не случајно им реков дека ако некој од нив изјави „бугарски фашистички окупатор“, тогаш треба да знаат дека тоа во Бугарија значи дека на кој било начин нема веќе да помагаме, затоа што не бевме окупатори, а историјата нема да се менува. Фашизмот тогаш ја поплави Европа. Никогаш нема да дозволам некој да ѝ лепи такви етикети на Бугарија. Ако Северна Македонија сака да стане членка на ЕУ и НАТО, треба да заборави на антубугарска реторика. Ако сакаат да одат напред, јасни се европските перспективи и вредности“, изјави Борисов.

Денеска и Мицкоски даде изјава за средбата со Борисов.

„Нашиот став е познат, тој е непроменет. Она што беше моја изјава што ја кажав вчера беше дека ВМРО-ДПМНЕ и јас лично поддржуваме сѐ што е добро и за Македонија и за Бугарија. Имавме конструктивна средба со господинот Борисов, разговаравме за изградба на автопатишта, железничка пруга, железничко поврзување помеѓу двете земји. Разговаравме за енергетско поврзување, продлабочување на научната соработка помеѓу универзитетите од двете држави, разговараме за побрзо интензивирање и отварање на граничниот премин Клепало. И сето она што значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија.

Истовремено на средбата стана збор и за онаа Резолуција која се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев. И тоа не е добро и тоа не можам да го поддржам и никогаш нема да го поддржам. Македонскиот јазик е кодофициран и меѓународно признат во 1977 година, тука немаме дилеми ни јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Така, она што е добро, што ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го поддржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани, Македонија ние не можеме да го поддржиме, а тоа е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев итн.

Но, забележлива е нервозата кај Владата во заминување, кај премиерот во заминување господинот Заев, па потрчаа оние скапо платени пи-ар пера да ја искриват вистината и практично лажни вести да рефлектираат во македонската јавност. Она што е важно е дека и оваа лажна вест им се распрсна како меур од сапуница. Тие нека продолжат да измислуваат лажни вести, а ние ќе продолжиме  да работиме“, изјави Мицкоски. 

 

Лустрацијата беше непотребна и смешна фарса, неуспешна пресметка и понижување на политичките неистомисленици. За ветингот да успее, треба да ги опфати сите.

повеќе

Законски да се регулира дека за амбасадорските места ќе има интерен (во МНР) оглас и кандидирање на заинтересираните.

повеќе

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе