Загреб

Борисов објави видео од средбата, Мицкоски му ветил дека членството во ЕУ е стратешка определба на партијата

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во Загреб на Конгресот на Европската народна партија оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседател на партијата ГЕРБ, кој на својот фејсбук-профил објави видео од почетокот на состанокот. Од видеото се слуша како Борисов уште на самиот почеток на разговорот го прашува Мицкоски за Договорот за пријателство и добросеоседство со Бугарија.

„Кога Бугарија влегуваше во ЕУ - и комунисти, и либерали и десни - имаше народен консензус за тоа дека патот на Бугарија е во НАТО и ЕУ. Затоа многу ми е важно да знам што мисли нашата сестринска партија за Северна Македонија и НАТО“, прапа Борисов.

На ова Мицкоски му одговара дека за тоа нема дилема и дека неговата партија уште во 1991 била за ЕУ и НАТО, додека „комунистите се колнеле во Белград и Москва“.

„Многу е важно да го знаеме тоа, да се слушне јасно. Го поддржувате ли Договорот за добрососедство со Бугарија. Не се знае кој ќе победи утре на изборите - ВМРО-ДПМНЕ или социјалдемократите“, вели потоа Борисов.

„Сѐ што може да биде позитивно и за двете страни, и за Македонија и за Бугарија, тука исто така не треба да има дилема“, рече Мицкоски..

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека Мицкоски истакна дека членството во Европската Унија е од стратешки интерес за Република Македонија и клучната стратешка определба на партријата.

„Имајќи го ова предвид тој посочи дека новата Влада  предводена од ВМРО-ДПМНЕ после 12 април, темелно ќе работи на спроведување на структурни реформи.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека Македонија се соочува со сериозни проблеми на поле на владеење на правото, висок степен на криминал и корупција во највисоките ешалони на власта како и неказнивоста при случаите на висока корупција. Притоа тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на реформи во правосудниот систем кои ќе го доведат македонското правосудство на ниво на европскиот стандард.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека е за продлабочена соработка базирана на рамноправни основи и взаемно почитување“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата во Загреб присуствуваа и Тимчо Муцунски, Влатко Ѓорчев и Александар Николовски.

 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе