На Европскиот совет во Брисел

Борисов: Му реков на Заев да не поднесува оставка, неколку месеци не се вечност

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, пред денешното продолжение од Европскиот совет пред медиумите во Брисел кажа дека огромниот дел од членките на ЕУ се изјасниле за давање европска перспектива на Македонија и на Албанија, но решението е одложено за мај, за време на хрватското претседателство.

Според Борисов, неколку месеци не се вечност од аспект на европската интеграција како процес, па му порачал на премиерот Зоран Заев да не си поднесува оставка.

„Пред Советот долго зборував со Зоран Заев и му реков да не си дава оставка, зашто тој заврши многу работа и има уште да се направи“, изјави Борисов.

Тој пред новинарите објаснуваше дека сите во Македонија се емоционални околу прашањето за интеграција во ЕУ, бидејќи во земјата се вложија многу напори, а освен тоа, како аргумент потсети дека никој досега не си го сменил името.

Одговарајќи на новинарски прашања за синоќениот состанок, Борисов кажа дека „за Северна Македонија и за Албанија ништо не е заклучено, туку како што беше формалното објаснување на Советот, решението е одложено за мај за време на хрватското претседателство“.

„Фактот дека не се договоривме да има писмено решение на Советот покажува дека огромниот дел од државите се ‘за‘ европската перспектива на двете земји“, изјави Борисов.

На прашањето зошто Франција ги запира Македонија и Албанија, тој вели дека секоја држава си има свои причини, но никој на Советот не кажал „не“.

„Сите рекоа добро, но нека се подготват максимално добро за да немаме после проблеми. Неколку месеци не се вечност“, додаде бугарскиот премиер.

Споменувајќи го примерот со Бугарија, кога се приклучува во НАТО и во ЕУ и кога сите партии во земјата биле „за“, тој изјави дека ако во Северна Македонија или во Албанија има партии и сили кои сакаат да се вратат назад, тогаш тоа е голем ризик.

Во наредните неколку месеци, како што рече Борисов, има време и комисиите за историски прашања да ги решат спорните прашања.

 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе