Во Солун

Борисов: Колку побргу Македонија се интегрира во НАТО и ЕУ, толку подобро и за Бугарија и Грција

Колку побргу ја видиме Македонија во ЕУ и во НАТО, толку е подобро и за Бугарија и за Грција, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов во неговиот говор на третиот самит во Солун, за перспективата и соработката на Западен Балкан.

„Нема подобро место од Европската унија. И во Грција кога се појави кризата кој всушност ѝ помогна? Кој застана до неа? Европската унија. Ако, не дај Боже се појави проблем, кој ќе ни помогне? НАТО, Европската унија. Нашата поврзаност е и геостратешка во секоја област. И колку побргу ја видиме Македонија во ЕУ и во НАТО, толку е подобро и за Бугарија и за Грција“, рече Борисов.

Бугарскиот премиер, како што јавува МИА од Атина, во обраќањето ги спомена и договорите на Македонија со Бугарија и Грција и истакна дека премиерите на трите земји биле храбри.

„Сакам прво да ги поздравам Скопје и самиот себе за Договорот за добрососедство, затоа што тоа никако не е лесна работа. Точно дека вашето е малку потешко, но Заев и Алексис беа храбри премиери како и ние и даваме една исклучително важна перспектива за НАТО и Европската унија на нашите колеги во Македонија. Бивша југословенска република, долго име, да се надеваме дека во брзо време и тоа ќе се реши“, рече Борисов во Солун.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе