Бугарскиот премиер возврати

Борисов: Ќе беше предавство ако го пречекав Иванов во Софија со фанфари

Лично знам какви напори направија Грција и Македонија за да се договорат за името. Двете страни мораа да преземат тешки и непопуларни одлуки за да го придвижат овој процес. Би било предавство, ако денес во Софија го пречекав македонскиот претседател со фанфари, изјавил пред медиумите бугарскиот премиер, Бојко Борисов.

Борисов, како што пренесува БГНЕС, рече дека секогаш се однесувал со огромна почит кон претседателот Иванов, но проценил дека, по вчерашните случувања, денес не е момент за таква средба. 

„Немаше што да му кажам. Нека помине малку време”, изјавил Борисов.

Во врска со откажувањето на средбата со Иванов, Борисов вели дека неговите колеги Зоран Заев и Алексис Ципрас се исклучително храбри државници и со денешната постапка тој сакал да го покаже односот кон нив. Исто така, рече дека многу пати ја потврдил целосната поддршка за решавањето на спорот за името. 

„Секогаш сум велел дека на никаков начин Бугарија не треба да се меша во тој разговор. Спорот е единствено меѓу Грција и Македонија и тие сами треба да си го решат”, изјави бугарскиот премиер. 

Претходно, денеска од бугарското Министерство за надворешни работи соопштија дека средбите на премиерот Борисов и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева со Иванов нема да се одржат, бидејќи Бугарија не сака да се меша во внатрешните работи на соседната земја.

 

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе