Борисов и Захариева се согласуваат Македонија да може да користи бугарски амбасади

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева потврди дека е можно Бугарија да ѝ дозволи на Македонија да ги користи нејзините амбасади онаму каде што нема свои.

„Можно е Бугарија да ѝ дозволи на Република Македонија да ги користи бугарските дипломатски претставништва во странство, каде што нашиот сосед нема свои. Ова вчера неформално го разгледаа премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев. Ова ќе биде уште еден знак за зближување“, изјави за БНТ министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Бугарскиот премиер на средбата со неговиот македонски колега Зоран Заев во Рим предложил Бугарија и Македонија да отворат заеднички дипломатски претставништва каде двете земји се уште немаат свои амбасади.

„Скандинавските држави споделуваат амбасади, за да штедат пари. Можеме да направиме таму каде што ние немаме и вие каде немате, да работиме заедно“, предложил Бојко Борисов на приемот во бугарската амбасада во Рим по повод празникот 24 мај, на кој присуствуваше и македонскиот премиер, Зоран Заев.

Борисов, како што пренесуваат известувачи на бугарски медиуми, рекол дека ова е возможно „ако станеме прагматични, тогаш ќе сфатите дека можеме да направимеуште подобри работи“.

Борисов уште додал дека „венците од Македонија и од Бугарија пред споменикот на Кирил и Методиј во бугарската амбасада во Италија не си пречат“.

 

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе

Ако нешто е направено спротивно на законот, тогаш тоа што е направено е ништовно по силата на правото (ipso iure). 

повеќе

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе