Софија

Борисов и Захариева нема да се сретнат со Иванов, Бугарија не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија

Состаноците со претседателот Иванов нема да се одржат. Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на нашата соседна држава. Ова за БГНЕС го изјавија претставници на бугарското Министерство за надворешни работи по најавата за средби на премиерот и на шефот на бугарската дипломатија со македонскиот претседател.

Кабинетот на македонскиот претседател денеска најави дека за време на дводневната официјална посета на Бугарија, Иванов ќе се сретне и со премиерот Бојко Борисов и со министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.

„Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна заедница. Позицијата на претседателот на Република Македонија е јасна. Бугарската влада смета дека нема смисла да се користат овие средби за внатрешни дебати во Скопје“, велат од МНР.

Клучно за развојот на нашата соседна држава е интеграцијата во ЕУ и НАТО и таа не смее да биде доведена во прашање, велат за БГНЕС извори од бугарското МНР.

Претседателот Иванов одби да го прифати договорот меѓу премиерите на Грција и Македонија за промена на името во „Република Северна Македонија". 

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе