Од Форумот во Давос

Борисов: Ги поддржуваме напорите на Западен Балкан на патот кон ЕУ

Бугарија постојано ги поддржува напорите на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон членството во ЕУ, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов во својот говор на панелот „Дијалог за дипломатијата на Западен Балкан“, во рамките на Светскиот економски форум во Давос.

Пред учесниците на панелот Борисов говореше за исклучително важното задржување на улогата на политиката на проширување на ЕУ како катализатор за реализирање на клучните реформи во земјите од регионот.

„Овие реформи се неопходни како за модернизирањето и развојот  на Западен Балкан, така и за стабилноста и просперитетот на овој стратешки важен регион за ЕУ“, рече Борисов.

Според него, различните иницијативи и формати на регионална соработка во Југоисточна Европа взаемно се дополнуваат во поттикнувањето на политичката, економската и социјалната стабилност во регионот.

„Регионалната соработка, меѓутоа, не е алтернатива на европската интеграција на Западен Балкан. Напротив, таа треба да придонесува за постигнување на стратешката цел за членството во ЕУ на земјите од регионот“, истакна Борисов и потсети дека „Бугарија, заедно со Република Северна Македонија од 1 јануари 2020 година се домаќини на Берлинскиот процес“.

Двете земји, додаде, го презедоа овој одговорен ангажман како природно продолжение на постигнувањата за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ и вадењето на процесот на европската интеграција на Западен Балкан во преден план на политичката агенда на Унијата.

„Приоритетите на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес се порзаноста во сите нејзини аспекти: транспортот, енергијата, дигитализацијата, како и поврзаноста меѓу луѓето, особено меѓу младите, вклучувајќи и преку образованието“, изјави Борисов.

Според него, еден од основните проекти кои треба да бидат реализирани е напредокот во изградбата на трансевропскиот Коридор 8, Ток, како што рече Борисов, е од клучно значење за регионот и ќе претставува добар пример з поврзаност на Западниот Балкан со соседните држави, членки на ЕУ.

 

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе